Детали

Ќе посетиме три села кои се разликуваат според локацијата, религијата и легендите. Најпрво ќе го посетиме планинското село со највисока надморска висина и ќе направиме кафе пауза во градината на една селска куќа заедно со домаќините. Како и повеќето села, и ова село има селска црква со интересна легенда. После посетата на ова село, следува посета на далеку познатото село Вевчани и вевчанските извори. Вевчани е село со исклучиво христијанско население. Тука ќе имаме обилен ручек во најдобриот национален ресторан. После кратка посета на третото село кое е со исклучиво муслиманско население, се враќаме во Охрид.

ЦЕНА 32 ЕУР.