Детали

Планинското село Елшани нуди прекрасен поглед на Охридското езеро и планината Галичица. Екскурзијата во Елшани започнува со прошетка низ планината, каде имате можност да јавате на магариња придружувани од жители на селото, претежно стари жени кои живеат во планината. На враќање во селото ја посетуваме куќата со зашеметувачки поглед, каде заедно со домаќините го припремаме нашиот ручек. Ручекот се состои од локални специјалитети, храна и пијалоци, припремени на традиционален начин. За време на ручекот ќе ве забавува оркестар кој изведува традиционална македонска музика. Оние кои сакаат можат да се облечат и сликаат во традиционалн носија. Екскурзијата во Елшани ви нуди можност да се запознаете со македонската култура, традиција и фасцинантната природа.

Цена: 32 евра