Детали

Тргнуваме од село Пештани, покрај обалата на Охридското езеро и се упатуваме кон манастирот Св.Наум, кој е стар илјада години и во кој се наоѓа гробот на Свети Наум. Ќе ги посетиме најголемите извори со чамец. На враќање застануваме кај Свети Заум, црква стара седумстотини години, до која се стигнува само по воден пат. Ова е мистично место каде под големата карпа ќе направиме скара.

Цена: 32 евра