Детали

Од Охрид тргнуваме за Битола. Го разгледуваме центарот на Битола со неговата прекрасна архитектура, главно во ренесансен стил. Битола е познат уште и како град на конзулите. Ја разгледуваме старата чаршија, ручаме и одиме во посета на античкиот град Хераклеа близу Битола, кој има прекрасни мозаици. По посетата на Хераклеа, одиме на Преспанско езеро и посетуваме неколку мали села и нивните музеи со народни носии. Музеите имаат големи колекции на носии од цела Македонија. Ги напуштаме селата и покрај обалата на Преспанско езеро и низ националниот парк Галичица кои нудат прекрасен поглед и природа, се враќаме во Охрид.

Цена: 33 евра