Детали

Преку границата кај Св.Наум одиме до Поградец. Веднаш можете да ја почувствувате разликата помеѓу двете држави. Во центарот на Поградец имаме кафе пауза. По паузата се упатуваме 40 км јужно кон градот Корча. Во Корча се задржуваме 90 минути и го разгледуваме градот на големи контрасти. Се збогуваме со Корча и се упатуваме надвор од цивилизацијата, преку планинските премини кон руралните области во Албанија каде времето застанало. Тука ќе ја вкусите вистинската Албанија. Во еден од рестораните во селата имаме ручек. Потоа имаме прошетка низ селата каде контактираме со пријателски расположеното локално население, за кого светскиот туризам е сеуште непознат. Потоа возиме кон македонската граница преку преспанскиот регион и преку националниот парк Галичица се враќаме во Охрид.

Цена: 37 евра